недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 30
home Вести

„АстраЗенека“: Вакцината веројатно ефикасна и против новиот вид на коронавирус

„АстраЗенека“: Вакцината веројатно ефикасна и против новиот вид на коронавирус

Британската компанија „АстраЗенека“ соопшти вечерва дека нејзината вакцина против ковид-19 би требало да биде ефикасна против новиот вид на коронавирус, откриен во Велика Британија.

Од компанијата тврдат дека се во тек анализи, за да може целосно да се испита влијанието на мутацијата.

– Потенцијалната вакцина на АстраЗенека содржи генетски материјал на протеинот на вирусот, а промените во генетскиот код, кои се забележуваат во новиот вид, веројатно не ја менуваат неговата структура – велат од компанијата.

Коронавирус