четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

„АстраЗенека“ до крајот на март може да ги испорача првите вакцини за ЕУ од фабриката во Холандија

„АстраЗенека“ до крајот на март може да ги испорача првите вакцини за ЕУ од фабриката во Холандија

Еврокомесарката за здравство, Стела Киријакидес, потврди дека компанијата „АстраЗенека“ поднела барање до Европската агенција за лекови (ЕМА) за одобрување на вакцините од нејзината фабрика во Холандија.

Британските медиуми пренесуваат дека Киријакидес потенцирала дека одобрувањето на ЕМА, на кое се работи по забрзана постапка, доколку се оди според планот, може да овозможи првите испораки на вакцините од холандската фабрика на „АстраЗенека“ во ЕУ да пристигнат до крајот на овој месец.

Локални избори 2021