понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 61
home Вести

Асиа Биби преместена во Исламабад

Асиа Биби преместена во Исламабад

Пакистанската христијанка Асиа Биби, која пакистанскиот Врховен суд неодамна ја ослободи од смртна казна за богохулење, синоќа била префрлена на непозната локација во Исламабад поради безбедносни причини.

Ова го соопштија двајца високи владини претстaвници.

Во услови на строги мерки за безбедност, Биби заминала од затворот во провинцијата Пенџаб, каде беше до вчера, и со авион била префрлена во Исламабад. Според други извори, Биби е префрлена на непозната локација. Патиштата кон аеродромот, од каде што отпатувала, ги обезбедувале војници.

Минатиот месец пакистанските власти соопштија дека уапсиле двајца затвореници за кои постоело сомневање дека заговарале да ја задушат, а од тогаш во затворот во Пенџаб биле распоредени дополнителни војници и полицајци.

Асиа Биби, неписмена мајка на пет деца, беше во затвор осум години откако беше осудена на смрт поради навреда на исламскиот пророк. Пакистанскиот Врховен суд неодамна ја ослободи Асиа што предизвика големи протести што ги организираа тврдокорни исламистички групи кои бараат таа јавно да биде обесена.

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи Матео Салвини вчера изјави дека ќе направи „сè што е човечки можно“ за да обезбеди сигурност на Биби во неговата земја или во други европски земји. И други западни земји му понудија азил на семејството Биби, но сите се многу внимателни затоа што стравуваат од реакции против нивните дипломати во Пакистан.

Властите потоа соопштија дека Биби не може да го напушти Пакистан затоа што е поднесена петиција за ревидирање на судската одлука, која ја организирал адвокат радикален исламист.

Биби, 51-годишна жена земјоделец, беше обвинета за богохулење по несогласување со нејзини колеги муслимански работници околу вода за пиење. Биби наводно го навредила пророкот Мухамед откако нејзините колеги, со кои берела бобинки, одбиле да пијат од водата што таа ја носела,  тврдејќи дека е валкана затоа што е христијанка. Тие потоа ја обвинија дека го навредила пророкот Мухамед, обвинение кое таа го негираше. Но, сепак, во 2010 година  Биби беше обвинета и осудена на смрт.

Нејзиниот случај предизвика големо внимание во западните земји, па дури и папата Бенедикт Шеснаесетти повика за нејзино ослободување.

МИА

Коронавирус