Северна Кореја се согласила да ги уништи интерконтиненталните балистички ракети и да овозможи првпат инспекторски пристап до нуклеарните залихи, објавија јапонски медиуми.
Извори на весникот „Асахи шимбун“ наведоа дека група експерти за нуклеарно оружје и ЦИА биле на крајот на минатиот месец во седум дневна посета на Сверна Кореја.
Разговорите резултирале со согласност на Пјонгјанг да го уништи својот арсенал на ICMB проектили иако рокот за тоа останал тема за дебата и тоа – што Пјонгјанг ќе добие за возврат.
Преговорите биле одржани пред состанокот на претседателот на САД Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун тоа треба да се одржи во следните недели.
МИА