петок, 18. септември 2020. Вести денес: 166
home Вести

Апокалиптични сцени во Бејрут – страотната експлозија се слушнала на далечина од 200 километри

Апокалиптични сцени во Бејрут – страотната експлозија се слушнала на далечина од 200 километри

Ова е сликата по катастрофалната експлозија во Бејрут во фабрика за пиротехника.

Сликата од улиците изгледа како да паднала нуклеарна бомба. Според последните информации загинале над 100 лица, илјадници се повредени, а срамнети со земја се цели населби.

Експлозијата беше шокирачка, но она што останало после неа е тргогателно. Солзите не можеше да ги задржи ниту градоначалникот на Бејрут.

Новинар на „Скај њуз Арабија“: „Градоначалниче, на кого ќе се жалите? Потребна ви е каква било помош сега.

Градоначалник Абуд: Апелирам до либанскиот народ да се држи заедно. Ние сме силни и ќе останеме силни.

Новинар на „Скај њуз Арабија“: Кои се првичните информации?

Градоначалник Абуд: Немам никакви информации. Ја имам само оваа катастрофа што е пред мене.

Според податоците на германскиот геонаучен центар, експлозијата била еднаква на земјотрес со јачина од 3,5 степени, а се слушнала и подалеку од Кипар, на повеќе од 200 километри преку Медитеранот.

Првичните информации велат дека причините за силната експлозија е амониум нитрат, киселина која меѓудругото се користи и како компонента за индустриски експлозиви. Наводно биле складирани на ова место 2700 тони од ова хемиско соединение, кое пред извесно време било одземено од товарен брод.

Врховниот совет за одбрана на Либан го прогласи главниот град Бејрут за погоден од природна непогода и и предложи на Владата да воведе вонредна состојба. На итен состанок на Советот беше одлучено да се формира посебна комисија за да се истражи причината за експлозијата.

Премиерот на Либан, Хасан Диаб во кратко телевизиско обраќање ги повика сите држави и пријатели на Либан да и помогнат на државата.

Коронавирус