вторник, 4. август 2020. Вести денес: 190
home Вести

Аншобер: Возрасната пирамида на заразени се смени

Аншобер: Возрасната пирамида на заразени се смени

Министерот за здравство на Австрија, Рудолф Аншобер денеска изјави дека се забележува нов тренд на зараза во земјата и оти е сменета старосната пирамида на заразените со коронавирусот.

Аншобер на прес-конференцијата рече дека до пред неколку недели постарите лица, на возраст од 85 и постари, биле најмногу погодени од новиот вирус.

– Сепак, сега тоа се смени. Имаме нов тренд што почна со отворање на угостителските објекти и кој сега масовно се интензивира, а тоа е дека луѓето на возраст меѓу 15 и 24 години најчесто се заразуваат со коронавирусот, објасни тој.

Во врска со тоа, тој укажа и на кластерот во туристичкото одморалиште Санкт Волфганг им Салкамергут, каде што се заразиле практиканти во неколку хотели.

Аншобер рече дека заклучокот е оти особено младите треба да бидат повеќе свесни за ризиците.

– Мора да ги почитуваме основните правила за превенција. Дури и ако тоа не е регулирано со некој закон, подвлече тој.

Коронавирус