петок, 4. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

„Анонимуси“ се заканија: Пуштето го Асанж или ќе платите!

„Анонимуси“ се заканија: Пуштето го Асанж или ќе платите!

Хакери од меѓународната организација „Анонимуси“ се заканија на „британската Влада и нејзината кохорта (соработници, пријатели) ширум светот“ да го пуштат на слобода основачот на Викиликс Џулијан Асанж, кој вчера беше уапсен во Лондон, или ќе „платат“.

-Пуштете го Асанж на слобода или ќе платите, се наведува во пораката.

Во неа се вели дека апсењето на Асанж, како и прогонот на „другите свиркачи“ на Викиликс испраќа јасна порака дека овие влади нема да се лишуваат од ништо за да ја сочуваат тајноста на своето дејствување.

Тие сметаат дека Асанж се смета за државен непријател само затоа што ги разоткрил злосторствата на левицата и десницата.

-Асанж нѐ предупреди на неговото претстојно апсење, се посочува во пораката.

Коронавирус