вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 40
home Вести

Анкета: Секој трет Американец нема да се вакцинира против Ковид-19

Анкета: Секој трет Американец нема да се вакцинира против Ковид-19

Еден од тројца Американци дефинитивно нема да се вакцинира, и тоа е резултат од истражувањето на Центарот за истражување на јавни работи на Асошиејтед прес-НОРК, додека 67 проценти планираат да бидат вакцинирани или веќе го сториле тоа.

Од оние кои немаат намера да се вакцинираат, 15 проценти се сигурни дека нема да го сторат тоа, а 17 проценти велат дека најверојатно нема да го сторат тоа.

Во анкетата, многумина изразија сомневање во врска со безбедноста и ефикасноста на вакцината.

Д-р Ентони Фаучи, водечки владин научник за заразни болести, процени дека треба да се вакцинираат помеѓу 70 и 85 проценти од американската популација за да се запре ширењето на коронавирусот, од кој досега починаа речиси 470.000 Американци.

ЕУРО 2020

Македонија