четврток, 27. февруари 2020. Вести денес: 68
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

АНКЕТА: САД, Русија и Кина се најмоќни во светот- еве кои земји од поранешна Југославија се наоѓаат на листата, Македонија ја нема!

АНКЕТА: САД, Русија и Кина се најмоќни во светот- еве кои земји од поранешна Југославија се наоѓаат на листата, Македонија ја нема!

САД, Русија и Кина е редоследот на првите три најмоќни земји во светот меѓу 80 држави, кои се наоѓаат на листата изготвена од медиумската компанија Ју Ес њуз енд ворлд рипорт (US News and World Report).

За САД, кои и оваа година се рангирани како најмоќна држава на светот, е наведено дека е „најдоминантна светска економска и воена сила“, која има културно влијание врз целиот свет, благодарејќи на својата филмска, телевизиска и музичка продукција.

Русија, исто така, ја зачува својата второпласирана позиција од минатата година, а опишана е како најголема земја на светот по површина, речиси двојно поголема од Канада и ја покрива цела северна Азија и голем дел од источна Европа.

Германија се наоѓа на четврто место, Велика Британија е на петто, Франција на шесто и Јапонија на седмо место. Сите тие ги задржале минатогодишните позиции.

Од земјите од поранешна Југославија кои се наоѓаат на листата, најдобро пласирана е Србија на 44 место, потоа Хрватска на 67 и Словенија на 73 место.

Листата е составена врз основа на влијанието на државите, како и нивната политичка, економска и воена моќ. Спроведена е анкета во која учествувале 21.000 испитаници.