среда, 2. декември 2020. Вести денес: 69
home Вести

Анкета: Речиси 70 отсто Украинци сметаат дека земјата не е независна

Анкета: Речиси 70 отсто Украинци сметаат дека земјата не е независна

Повеќето украински граѓани не сметаат дека нивната земја е независна и веруваат дека државните власти се под влијание на ЕУ, САД и ММФ, покажуваат резултатите од истражувањето на украинскиот Институт за анализа и прогноза.

Околу 67,4 отсто испитаници сметаат дека Украина навистина не е независна држава, а околу 53,1 процент веруваат дека економската политика на украинските власти целосно зависи од влијанието на други земји и организации.

Кога станува збор за тоа кој има најголемо влијание врз Украина, повеќето анкетирани, 57,3 отсто, одговориле ЕУ, 42,9 проценти ММФ, а 42,5 отсто сметаат САД.

Покрај тоа, 67,4 отсто од Украинците веруваат дека работите во земјата се движат во лош правец.

Повеќе од половината граѓани, 57,3 проценти, ја гледаат ситуацијата во Украина како предизвик, а 16,5 отсто како критична.

Истражувањето е спроведено на примерок од 2.000 луѓе во 24 украински региони и Киев во период од 16 до 26 јули. (MИА)

Коронавирус