сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 23
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Анкета: Преку 80 отсто од малите фирми во САД очекуваат подолго влијание на пандемијата врз бизнисот

Анкета: Преку 80 отсто од малите фирми во САД очекуваат подолго влијание на пандемијата врз бизнисот

Осумдесет и еден процент од малите и средните претпријатија (МСП) во САД проценуваат дека пандемијата на коронавирус ќе влијае на нивниот бизнис во наредните 12-16 месеци, а речиси 90 проценти предвидуваат забавување на растот, покажуваат резултатите од истражувањето на компанијата „Вим“ (Veem) за глобални плаќања.

„Вим“, со седиште во Сан Франциско, која им помогна на илјадници мали претпријатија да аплицираат за кредити во рамки на итната државна програма за заштита на платите, вредна 660 милијарди американски долари, соопшти дека малите фирми работат забрзано за да се приспособат на променливата деловна клима.

Од 690 анкетирани фирми, 65 проценти се изјасниле дека тие се пријавиле за помош или планираат да го сторат тоа во блиска иднина, наведува „Вим“ во својот прв извештај за атмосферата во малите и средните претпријатија во Соединетите Американски Држави.

Агенцијата за мало стопанство досега одобри повеќе од 2,5 милиони кредити во вкупна вредност од 536 милијарди американски долари.

Коронавирус