недела, 18. ноември 2018. Вести денес: 0
home Вести

Анкета: На претседателските избори во Турција ќе има втор круг

Анкета: На претседателските избори во Турција ќе има втор круг

Идниот претседател на Турција ќе биде избран во вториот круг од претседателските избори, што би се одржал на 8 јули, покажуваат резултатите од анкетата на агенцијата „Консензус“, чии прогнози за исходот од ланскиот уставен референдум во земјата се покажаа како најточни.

Според оваа анкета, актуелниот турски претседател и лидер на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП), Реџеп Тајип Ердоган, на изборите закажани за 24 јуни, ќе освои 47,9 отсто од гласовите, што не би му било доволно за победа во првиот круг.

Врз основа на оваа прогноза, Ердоган во вториот хруг од претседателските избори би се соочил со кандидатот на опозициската Републиканска народна партија (ЦХП), Мухарем Инџе, кој според анкетата, би освоил 26,8 отсто од гласовите.

„Консензус“ прогнозира дека трета ќе биде Марал Акшенер од Добрата партија со 14,8 отсто, четврти Сељахатин Демирташ под курдската Демократска партија на народите (ХДП) со 9,7 проценти, а остантите двајца кандидати би освоиле под еден отсто гласови.

Кога станува збор пак за парламентарните избори, што исто така ќе се одржат на 24 јуни, коалицијата на АКП и Партијата на националистичкото движење (МХП) би освоила 50,4 проценти од гласовите, пред блокот на ЦХП и Добрата партија со 39,7 отсто.

Курдската ХДП, според анкетата, би освоила 9,7 отсто од гласовите, со што не би го минала изборниот праг од 10 проценти и по два изборни циклуса на кои освојуваше места во Парламентот, би станала вонпарламентрана партија.

Анкетата била спроведа во периодот од 1 до 28 мај на репрезентативен примерок од 2.000 избирачи од 42 турски провинции.

МИА