четврток, 19. јули 2018. Вести денес: 133
home Вести

Анкета: Мнозинството Германци не ги сметаат САД за сигурен партнер

Анкета: Мнозинството Германци не ги сметаат САД за сигурен партнер

Мнозинството Германци повеќе не гледаат сигурен партнер во САД, покажува акнетата на германскиoт јавeн сервис Цет-Де-Еф објавена денеска.

Според резултатите на Политбирометарот на Цет-Де-Еф, 82 отсто од Германците сметаат дека не можат да се потпрат на САД како меѓународен партнер додека претседател е Доналд Трамп. Само 14 проценти од испитаниците сметаат дека САД е сигурен дипломатски партнер на Германија.

За споредба, 36 отсто испитаници сметаат дека Русија е силен сојузник на Германија, а 43 проценти се на ставот дека тоа е Кина. Од друга страна, 58 отсто од анкетираните ја сметаат Русија за несигурен партнер, додека 43 отсто такво мислење имаат за Кина.

По одлуката на Трамп претходно овој месец да ги повлече САД од Договорот за иранската нуклеарна програма, 65 отсто од испитаниците изјавиле дека договорот треба да се задржи, додека 28 се скептични по ова прашање.

Со анкетата биле опфатени 1.200 испитаници по случаен избор. Таа била спроведена од 15 до 17 мај.

(Миа)