среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 76
home Вести

Анкета: Конзервативците на Борис Џонсон ќе победат на изборите во декември

Анкета: Конзервативците на Борис Џонсон ќе победат на изборите во декември

Предвремените парламентарни избори во Велика Британија ќе ги добие владеачката Конзервативна партија на премиерот Борис Џонсон, покажуваат резултатите од последната анкета на тиражниот таблоид „Дејли Мејл“, цитирана од британските медиуми.

Конзервативците имаат поддршка од 34 проценти од Британците. Лабуристите на Џереми Корбин заостануваат за осум проценти и се поддржани од 26 проценти од избирачите.

Голем скок во популароста, споредено со резултатите од последните избори се очекува да направи партијата на Либералните демократи. Таа има поддршка од 19 проценти од избирачите, што е огромен скок во однос на 2017 година кога за оваа проевропска партија гласаа под осум проценти.

Партијата „Брегзит“ на Најџел Фараџ ја има поддршката на 12 проценти од гласачите.

Изборите се закажани за 12 декември, а Џонсон и лидерот на опозицијата Корбин од денеска ја почнуваат својата предизборна  кампања.

Коронавирус