недела, 27. септември 2020. Вести денес: 104
home Вести

Анкета: Голем пад на популарноста на Макрон

Анкета: Голем пад на популарноста на Макрон

Францускиот претседател Емануел Макрон бележи голем пад на популарноста од 10 процентни поени за еден месец, односно неговата работа како претседател ја одобруваат само 31 отсо од Французите, наспроти 41 процент во јули, покажа најново испитување на јавното мислење објавено денеска.

Во испитувањето, што го спровел ИФОП за неделникот „Париз Мач“ (Paris Match) и радиото Суд, премиерот Едвард Филип загубил три поени, со 35 отсто задоволни граѓани, наспроти претходните 38 проценти.

Само 32 отсто од Французите сметаат дека Макрон „води добра економска политика“, наспроти 68 проценти кои го мислат спротивното. Само 22 отсто мислат дека претседателот е „соживеан со преокупациите на Французите“. (МИА)

Коронавирус