сабота, 11. јули 2020. Вести денес: 0
МЕГА БОМБА

Еве ја целата листа: Речиси цело семејство Заеви, министри, градоначалници и функционери на СДСМ добија кривични од Боки 13

home Вести

Анкета: Европејците сакаат поголема соработка во Унијата

Анкета: Европејците сакаат поголема соработка во Унијата

Анкета во девет земји од Европската унија покажа широко распространето незадоволство на граѓаните од одговорот на Унијата на кризата со коронавирусот, но и согласност за потребата од посилна европска соработка и чувство дека Европа мора да се потпира на сопствената сила, објави порталот Еуроактив Германија.

Истражувањето на „Датапракс“ и „ЈуГов“, во кое беа вклучени 11.000 луѓе во девет земји членки на ЕУ во последната недела од април и првата недела од мај, покажа дека многу Европејци, во просек од 46 проценти, рекоа дека Унијата не е на задачата да одговори на пандемиската криза.

Се покажа дека тоа незадоволство е особено изразено во некои земји – 63 отсто од Италијанците и 61 отсто од Французите оценија дека ЕУ не ги исполнува своите задачи. Во исто време, во ниту една од државите опфатени со истражувањето, мнозинството граѓани не беа задоволни од одговорот на ЕУ. Жителите на Португалија имаа најмногу позитивно мислење, каде 36 отсто од учесниците во истражувањето позитивно го оценија однесувањето на ЕУ.

Повеќе од половина од Португалците, како и Шпанците, го поддржаа ставот дека ЕУ не е дорасната за задачата.

Покрај тоа, многу учесници во анкетата оценија дека ЕУ се покажа како „ирелевантна“ за време на пандемијата.

Во Франција, 58 проценти од испитаниците, делумно и експлицитно, го поддржаа ваквиот став, а во Португалија 52 проценти.

Повеќето учесници во анкетата оценија дека кризата покажа потреба од посилна соработка во рамките на ЕУ. Во некои земји, вклучително и Португалија, Шпанија и Италија, повеќе од три четвртини од граѓаните (90, 81 и 77 проценти) го делат тој став.

Анкетата исто така покажа дека нема голем ентузијазам кај Европејците за спектакуларното враќање на националните влади на политичката сцена. Иако многу влади во кризата презедоа поголеми овластувања, тоа во најголем дел беше придружено со мал ентузијазам, проценуваат авторите на студијата.

Во девет европски земји, само 29 проценти од граѓаните изјавиле дека сега имаат поголема доверба во своите влади и дека мислат дека направиле добра работа. Спротивно на тоа, 33 проценти изјавиле дека изгубиле доверба во своите влади и изразија скептицизам во врска со нивните постапки за време на кризата.

Во  Данска 60 проценти од граѓаните изјавиле дека имаат доверба во својата влада и изразија задоволство од работата за време на кризата, додека во Франција – 61 процент од испитаниците рекле дека сега имаат помалку доверба во владата и имаат негативно мислење за нејзиното однесување во кризата.

Истражувањето ги опфати Бугарија, Данска, Франција, Италија, Германија, Полска, Португалија, Шпанија и Шведска.

Парламентарни избори 2020