понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 5
home Вести

Анкара со остри рекации на најавите на САД за санкции ако не ослободат американски пастор

Анкара со остри рекации на најавите на САД за санкции ако не ослободат американски пастор

Портпарол на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави синоќа дека администрацијата на САД нема да го постигне саканиот резултат откако најавија санкции за Анкара ако не ослободат американски пастор кој е во притвор.

– САД треба да размислат за своите потези и да прифатат конструктивен став, пред да нанесат повеќе штета на своите интереси и на сојузништвото со Турција, изјави портпаролот Ибрахим Калан.

Американскиот претседател Доналд Трамп и се закани на Турција со „големи санкции“ ако „веднаш“ не го ослободи американскиот пастор осуден за тероризам кој за Вашингтон стана симбол на верски прогон во светот.

– Никој не може да и наредува на Турција. Нема да трпиме ничии закани, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

За Трамп американскиот пастор Ендрју Брунсон е „голем христијанин и татко на семејство“ кој „силно страда“.

– Тој недолжен верник  мора веднаш да биде пуштен на слобода, објави на Твитер откако ја критикуваше минатонеделната одлука на турски суд кој одлучи да го задржи во притвор додека трае судењето што почна во пролетта.

Брунсон беше притворен во Турција во 2016 година.

МИА

Локални избори 2021