недела, 21. октомври 2018. Вести денес: 43
home Вести

Анкара: Ќе останеме во северен Ирак до целосното уништување на терористите

Анкара: Ќе останеме во северен Ирак до целосното уништување на терористите

Турските сили ќе останат во северен Ирак се додека од таму не бидат „отстранети“ сите терористички групи, изјави денеска министерот за одбрана на Турција, Нуретин Џаникли.

Изјавата на Џаникли следи откако турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган вчера соопшти дека Армијата на Турција започнала воена операција против силите на Курдската работничка партија (ПКК) во реоните на Кандил и Синџар во северен Ирак.

Џаникли во интервју за агенцијата Анадолија тврди дека Турција му предложила на Иран заедничка операција против терористите во Кандил, додавајќи дека Техран и дал целосна поддршка на Анкара за спроведување на офанзивата.

Според Џанакли, операциите на турската армија во северан Ирак се спроведуваат во координација со властите во Багдад.

ПКК, која од 80-те години на минатиот век се бори за автономија на Курдите на Турција, има свои бази во северните делови на Ирак. ПКК се наоѓа на листата на терористички организации на Турција, САД и ЕУ.

МИА