четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 63
home Вести

Англија: Зоолошка градина спасена благодарение на донации

Англија: Зоолошка градина спасена благодарение на донации

Зоолошката градина во округот Девон, во Англија, се спаси од затворање благодарение на огромниот прилив на добротворни прилози со кои месечниот буџет е обезбеден за само една ноќ.

Националната зоолошка градина Дартмур претходно упати јавен повик за помош, откако приходите одеднаш секнаа поради пандемијата на коронавирусот. За да се грижи за 250-те животни, на градината ѝ се потребни 11.500 фунти неделно.

Заменичката на директорот Корал Џоунс изјави дека уште утредента биле собрани 40.000 фунти. Тие пари се доволни за речиси четири недели, но иднината на зоолошката сѐ уште е неизвесна.

– Поддршката е неверојатна. Има луѓе кои дарувале половина од својата плата одеднаш. Некои дадоа 50 фунти… Но, дури и десет или пет фунти во овој момент се голема помош, рече Џоунс.

Поради пандемијата, зоолошката градина испрати две третини од вработените на принудно отсуство. Во неа останаа само 14 луѓе за да ги хранат животните.

Коронавирус