среда, 19. јуни 2019. Вести денес: 119
home Вести

Ангела Меркел ќе биде новиот претседател на Европската комисија

Ангела Меркел ќе биде новиот претседател на Европската комисија

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека ќе ја поддржи германската канцеларка Ангела Меркел да стане претседателка на Европската комисија, главното извршно тело на Европската унија.

„Доколку го сака тоа, ќе ја поддржам“, изјави Макрон во интервјуто за швајцарската телевизија RTS емитувано во вторникот вечерта во Женева.

Сепак, Меркел порача дека нема да бара ангажман во институција на Европската унија, откако ќе ѝ престане канцеларскиот мандат.

Но Макрон ја повтори својата резервираност околу кандидатот на сопартиецот на Меркел, Манфред Вебер од Европската народна партија (EPP) за челник на Европската комисија, кого го поддржува германската канцеларка.

-Никој не ги познава шпиценкандидатите. На Европа ѝ се потребни нови лица, со силна личност, потребни ѝ се луѓе кои имаат личен суверенитет и компетентност за своите должности“, рече Макрон користејќи го германскиот термин за водечките кандидати кои ги номинираа главните политички групации во Европскиот парламент.

Макрон и Меркел учествуваа на одбележувањето на стотата годишнина од основањето на Меѓународната организација на трудот (ILO) во вторникот во Женева, но не се сретнаа на маргините од настанот, соопштија изори од француската и од германската влада.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.