петок, 10. јули 2020. Вести денес: 163
МЕГА БОМБА

Еве ја целата листа: Речиси цело семејство Заеви, министри, градоначалници и функционери на СДСМ добија кривични од Боки 13

home Вести

Анализа: Секторот за забава губи 160 милијарди долари поради пандемијата

Анализа: Секторот за забава губи 160 милијарди долари поради пандемијата

Според податоците на компанијата Ampere Analysis, што се занимава со анализа на пазарот, глобалниот сектор за забава ќе изгуби раст од 160 милијарди долари (146 милијарди евра) во наредните пет години, како резултат на кризата предизвикана од пандемијата Ковид-19.

Иако најголемото влијание ќе се почувствува во текот на оваа и следната година, растот ќе се намалува секоја година во текот на петгодишниот прогнозен период, наведува „Ампер“ во анализата објавена на нивната веб-страница.

Иако огромното мнозинство во секторот за забавна индустрија ќе ги почувствува негативните ефекти од пандемијата, „Ампер“ ги идентификува најголемите губитници.

„Рекламирањето е најтешко погодено, како на краток рок така и воопшто, но анализите на секторот за забава покажуваат дека области како што е театарот се пропорционално посериозно погодени“, наведува компанијата. (МИА)

Парламентарни избори 2020