понеделник, 10. мај 2021. Вести денес: 66
home Вести

Аналена Баербок избор на Зелените за кандидатка за нов германски канцелар

Аналена Баербок избор на Зелените за кандидатка за нов германски канцелар

Германската партија на Зелените денеска ја номинираше Аналена Баербок, една од ко-претседателите на партијата, за нивна кандидатка за канцелар на изборите во септември, јави ДПА.

Партијата има зголемена популарност во анкетите во последните неколку години и за првпат ќе именува свој кандидат за канцелар, бидејќи Ангела Меркел се повлекува од функцијата по повеќе од 15 години владеење.

Со околу 20 проценти рејтинг меѓу гласачите пред изборите во септември, Зелените очекуваат да освојат неколку десетици места во германскиот Бундестаг, како втора по големина сила во земјата.

Тоа оваа партија не само што ја прави силен играч и сигурен учесник во идната владина коалиција, туку, исто така, би можеле да биде во позиција да и се додели и канцеларската функција во коалиција во која нема да биде вклучен десноцентристичкиот блок на ЦДУ-ЦСУ на Меркел.

Коронавирус