понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 154
home Вести

Американските научници со важна студија: Докажано е колку се задржува вирусот во воздухот и на разни површини

Американските научници со важна студија: Докажано е колку се задржува вирусот во воздухот и на разни површини

Утврдено е дека коронавирусот може да преживее на пластични и челични површини до три дена, додека може да живее во честички во воздухот до три часа, според новата американска студија.

Студијата, финансирана од Националниот институт за здравство на САД, беше објавена минатата недела, а дополнета вчера со нови детали, пренесува Си-Ен-Ен.

Студијата откри дека стабилноста на вирусот Sars-CoV-2 што ја предизвикува болеста COVID-19 е „сличен на оној на Sars-CoV-1 во експериментални услови“.

Резултатите од овој лабораториски тест им овозможиле на истражувачите да утврдат колку долго останува новиот коронавирус на површините околу нас и колку долго преживува во воздухот, иако научниците посочуваат дека се потребни повеќе истражувања за да се утврдат дефинитивните податоци.

Ова се најважните заклучоци донесени од студијата, која е дополнета :

1) Коронавирусот успева да преживее 72 часа на не’рѓосувачки челик и пластика.

2) Останува на бакар четири часа, додека живее на картон 24 часа.

3) Во аеросоли, честички и воздушни капки, успева да остане активен три часа.

Студијата покажува дека преносот на вирусот Сарс-CoV-2 е можен преку воздухот и одредени материјали, а овие методи на пренесување се поврзани со ширењето на вирусот во болничко опкружување каде може да се случи „супер-ширење“, со резултат дека еден носител може да зарази десетици или стотици луѓе , пишуваат истражувачите.

Друга студија објавена минатиот месец во „ The Journal of Hospital Infection “ покажа дека коронавирусот, како оној што предизвикува САРС, можат да преживеат на предмети што нè опкружуваат – метал, стакло и пластика – до девет дена доколку површините не се дезинфицираат.

Овој наод е од големо значење за понатамошно истражување затоа што САРС е најблизок познат во однос на новиот коронавирус.

“Како што е веќе познато, вирусот може да се пренесе преку капки и ситни делови од течности. Кога ќе излезат од заразено лице, тие патуваат на одредено растојание пред да запрат. Во овие ситуации, тоа е многу важно за персоналот во здравствените установи да преземе дополнителни мерки на претпазливост, како на пример носење маски “, предупредува доктор Марија Ван Керхоув, епидемиолог во Светската здравствена организација.

Американскиот центар за контрола и спречување на болести соопшти дека новиот коронавирус се пренесува главно преку воздух, преку честички што се лебдат во воздухот преку кашлање и кивање.

„Можно е човек да се зарази со допир на површина или предмет со вирус на него, ако потоа ги допре устата, носот или очите, но ова не е главниот начин на ширење на вирусот“, се вели на веб-страницата на Центарот.

Според советите што ги посочуваат, треба редовно да се дезинфицираат површините и предмети што често се допираат, како што се маси, работни плочи во кујната, прекинувачи за светло, рачки на вратите и фиоки и плакари.

Најдобро е да се исчисти со сапун и вода и да се дезинфицира со раствори со одредена количина белило или алкохол или средства за дезинфекција кои имаат висок процент на алкохол.

Коронавирус