Американскиот носач на авиони „Хари Труман“ вплови во Средоземно Море откако го помина Гибралтарскиот Проток.
Покрај носачот на авиони „Хари Труман“ од Атлантски Океан во Медитеранот впловија и крстосувачот „Нормандија“ и разорувачот „Форест Шерман“.
– Влезот во западен дел од Медитеранот ја зголемува нашата способност да пружиме поддршка на националните и регионални мисии во зоната на одговорност на Шестата флота. Тоа вклучува и соработка со нашите сојузници од НАТО, како со европските така и африканските партнери, со цел да го одржиме присуството каде и да е потребно, посочи команданот на носачот на авиони, капетан Николас Диен.