среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 140
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Вести

Американски воен брод истрела предупредувачка ракета над ирански брод

Американски воен брод истрела предупредувачка ракета над ирански брод

Воен брод на американската морнарица истрела предупредувачка ракета за да го пренасочи глисерот на Иранската револуционерна гарда, кој се движеше право кон него, соопштија денеска официјални лица по повод настаните во Ормускиот проток.

Според соопштението на морнарицата, патролен брод од класата Циклон „USH Orphan“ и брз транспортен брод „Spearhead“ „USNS CHoctaw County“ се сретнале во понеделникот со три ирански бродови додека влегувале во Персискиот залив преку Ормускиот теснец.

Морнарицата соопшти дека ова е втор таканаречен „небезбеден и непрофесионален“ инцидент со Иран во последните месеци.

Вчерашниот инцидент со иранската револуционерна гарда и американската морнарица се случи во време кога и натаму се присутни тензиите поради застојот на преговорите за обновување на иранскиот нуклеарен договор со светските сили. (МИА)

Коронавирус