сабота, 15. август 2020. Вести денес: 0
home Вести

Американски туристи вратени по слетување во Сардинија

Американски туристи вратени по слетување во Сардинија

На петмина американски туристи, кои пристигнаа во Сардинија во група од 10 патници со приватен авион, им беше забранет влез на италијанската гранична контрола, бидејќи границите на ЕУ сè садуште не се отворени за државјани на САД.

Групата американски туристи била запрена во средата, 1 јули, во 21,30 часот на аеродромот Каљари, по слетувањето на приватен авион од Колорадо, јавуваат денеска италијанските медиуми.

На останатите петмина патници, меѓу кои и државјани на Нов Зеланд, Велика Британија и Италија, им бил дозволен влез во земјата, но со задолжителен 14-дневен карантин, од што се откажале и го напуштиле островот.

Коронавирус