понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 130
home Вести

Американски сенатори подготвуваат неколку мерки против Саудиска Арабија во врска со случајот Кашоги

Американски сенатори разгледуваат законодавство од неколку делови во врска со случајот на убиениот саудиски новинар Џамал Кашоги, јавија локалните медиуми.

Претседателот на Комисијата за надворешни односи на американскиот Сенат Боб Коркер изјави дека сенаторите ќе се обидат да „истуркаат“ три мерки – резолуција со која се осудува саудискиот престолонаследник поради убиството на Кашоги, предлог закон за прекин на продажбата на оружје за кралството и резолуција за скратување на американската помош за коалицијата предводена од Саудиска Арабија која се бори против хусите во Јемен.

Петмина републикански и демократски сенатори вчера се сретнале зад затворени врати за да разговараат за следните чекори, по што изјавија дека сé уште не нашле компромис кој би можел да добие доволно поддршка од двете партии за да помине во Сенатот.

МИА

Коронавирус