недела, 12. јули 2020. Вести денес: 138
МЕГА БОМБА

Нуклеарна бoмба: Заев зема рeкет од 6 милиони евра! (АУДИО)

Во живо

Мицкоски ја промовира програмата на ВМРО-ДПМНЕ во Штип

home Вести

Американски сенатори бараат да се блокира повлекувањето на војниците од Германија

Американски сенатори бараат да се блокира повлекувањето на војниците од Германија

Двопартиска група од американски сенатори соопшти дека ќе преземе активности за да го спречи претседателот на САД Доналд Трамп да ги повлече војниците од Германија.

Шестмина сенатори, вклучувајќи ги и влијателните републиканци Линдзи Грахам и Марко Рубио, изјавија дека планираат да го изменат законот за трошоците за одбрана, со цел да се ограничи употребата на средства за намалување на војниците во Германија.

– Во време кога САД и нашите европски сојузници треба да продолжат да дејствуваат заедно за да ги спречат злонамерните влијанија, во наш национален интерес, како и во интерес на нашите сојузници и партнери, е да го продолжиме нашето присуство во Германија, изјави сенаторот Рубио.

Во меѓувреме, поранешниот републикански кандидат за претседател на САД, Мит Ромни напиша на Твитер дека повлекувањето би претставувало подарок за Москва.

– Повлекувањето на американската војска од Германија ќе биде подарок за Русија. Тоа е последното нешто што треба да го направиме. На овој начин се загрозува американската национална безбедност и се поткопува НАТО, напиша Ромни.

Трамп претходно овој месец објави дека САД ќе го намалат бројот на распоредените војници во Германија до 25.000. Тој го обвини Берлин дека не ги исполнува своите финансиски обврски кон НАТО. Американскиот претседател истакна дека ќе премести дел од војниците од Германија во Полска.

Овој потег беше критикуван од германски министри, меѓу кои и министерката за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер и министерот за надворешни работи, Хајко Мас.

Парламентарни избори 2020