четврток, 13. декември 2018. Вести денес: 135
home Вести

Американски разузнавачи: Северна Кореја ги крие од САД клучните аспекти на нуклеарната програма

Американски разузнавачи: Северна Кореја ги крие од САД клучните аспекти на нуклеарната програма

 Северна Кореја нема намера целосно да ги предаде нуклеарните резерви и наместо тоа размислува како да го скрие бројот на оружје и тајните производствени капацитети, пишува „Вашингтон пост”, повикувајќи се на вработени во разузнавачките служби на САД.

Податоците, собрани по самитот во Сингапур на 12 јуни, покажуваат обиди за заблуда на САД во врска со бројот на нуклеарните боеви глави во арсеналот на Северна Кореја, како и постоење на неоткриена опрема, која се користи за изработка на материјали за нуклеарни бомби, велат изворите за Вашингтон пост” .

Оценката на експертите е спротивна на коментарите на претседателот Донлад Трамп по самитот, кој на Твитер напиша дека „веќе нема нуклеарна закана” од Северна Кореја. На неодамнешниот митинг тој исто така, рече дека имал „голем успех” со Пјонгјанг. 

(Миа)