четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 41
home Вести

Американски официјални лица: Израел се подготвува за војна со Иран

Американски официјални лица: Израел се подготвува за војна со Иран

Неодамнешниот воздушен напад врз база во сирискиот град Хама, во кој загинаа околу 20 лица и беа ранети 30 ирански борци, го изврши Израел, тврдат тројца американски официјални лица.

Тие наведуваат дека тоа е најнов показател дека Израел и Иран се приближуваат до отворен воен судир.

Тие неименувани официјални американски претставници оценуваат дека Израел се подготвува за воена акција и бара американска помош и поддршка, јави Ен-Би-Си-Њуз.

– На листата на потенцијално најверојатни конфликти во светот сега на врвот е судир на Израел и Иран во Сирија, вели еден од нив.

Тие додаваат дека израелски авиони Ф-15 ја погодиле Хама откако Иран испорачал оружје во база каде што е сместена иранската 47-ма бригада.

Според нив, Израел се повеќе станува свесен за влијанието на Иран во соседна Сирија.

– И додека Русија води воздушна војна за режимот на Асад во Сирија, Иран води копнена војна, тврдат тие и сметаат дека ирански борци се во секоја поголема руска и сириска база во Сирија.

МИА

Коронавирус