сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 62
home Вести

Американски новинар приведен во Венецуела

Американски новинар приведен во Венецуела

Безбедносните сили во Венецела вчера го привеле американскиот новинар Коди Ведл од неговиот стан, соопштија адвокатите и групите за слобода на медиумите.

Група од пет мажи во црни униформи, носејќи пишан налог, влегле во станот на Ведли. По два часа тие заедно со Ведли, кој носел голем куфер и торба со опрема, го напуштиле станот.

Ведли повеќе од четири години известуваше од Венецуела, а во последно време работеше како слободен новинар за Еј-Би-Си во Мајами.

И помошникот на Ведли, Карлос Камачо на сличен начин бил одведен од неговиот дом.

Се уште не е познато зошто двајцата новинари се приведени.

Нивното апсење се случи истиот ден кога Владата на Венецуела соопшти дека го протерува амбасадорот на Германија, Данијел Мартин Кринер од Каракас поради мешање во внатрешните работи на земјата.

Коронавирус