недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Американски конгресмени во изолација поради коронавирус

Американски конгресмени во изолација поради коронавирус

Петмина членови на американскиот Конгрес се во самоизолација, меѓу кои и двајца републиканци кои биле во контакт со американскиот претседател Доналд Трамп откако биле изложени на новиот коронавирус.

Конгресменот Мет Гец патувал во претседателскиот авион „Ер Форс 1“ со кој Трамп се враќал во Вашингтон, а објави дека „11 дена претходно бил во контакт со лице кое било позитивно на коронавирусот“.

– Иако конгресменот нема симптоми, тој остана дома и ги чекаме резултатите од неговиот тест, напиша неговиот тим на Твитер, додавајќи дека во самоизолација ќе биде 14 дена.

Друг републикански конгресмен, Даг Колинс, кој во петокот се состана со Трамп, изјави дека доброволно ќе остане во карантин и покрај тоа што немал никакви симптоми, бидејќи на крајот од февруари бил изложен на коронавирусот.

Двајца конгресмени билe изложени на коронавирусот за време на големата конференција на конзервативците ЦПАЦ која се одржа од 26 до 29 февруари во близина на Вашингтон.

Коронавирус