вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 145
home Вести

Американски конгресмен се заразил со коронавирус откако прими две дози вакцина на Фајзер

Американски конгресмен се заразил со коронавирус откако прими две дози вакцина на Фајзер

Американски конгресмен од државата Масачусетс, кому веќе му биле аплицирани двете дози на вакцината против Ковид-19 на Фајзер/БиоНТех е позитивен на коронавирусот, јавија маерикански медиуми.

Кабинетот на конгресменот Стивен Линч соопшти дека тој имал негативен тест пред да присуствува на церемонијата на инаугурацијата на американскиот претседател Џо Бајден.

За Линч се вели дека бил позитивен на тест за Ковид-19 откако бил во контакт со соработник во Бостон кој бил заразен.

Во соопштението се додава дека Линч не покажува никакви симптоми на Ковид-19. Тој ќе се изолира, нема да присуствува лично во Конгресот следната недела и ќе гласа преку полномошник.  (МИА)

ЕУРО 2020

Македонија