среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 152
home Вести

Американски кардинал пероповедал дека со вакцините се чипира – сега е на респиратор

Американски кардинал пероповедал дека со вакцините се чипира – сега е на респиратор

Кардиналот Рејмонд Бурк, член на поконзервативната струја на Американската католичка црква, кој често го критикувал папата Франциско и отворено зборувал за скептицизмот кон вакцината, завршил на респиратор.

73-годишниот старец, кој честопати шетал низ Рим, каде што живее, без маска, од минатата среда е позитивен на ковид.

“Фала му на Бога, се одмарам удобно и имам одлична медицинска нега. Ве молиме молете се за мене. Да се ​​потпреме на Божествената Промисла”, рекол Бурк, според Гардијан.

Минатиот мај, кардиналот Бурк остро се изјаснил против вакцинацијата, велејќи дека „мора да биде јасно дека вакцинацијата не може да им се наметне на граѓаните на тоталитарен начин“.

Тој, исто така, рекол дека вакцините се развиени „користејќи ги клетките на абортираните фетуси“ и дека за време на вакцинацијата „еден вид микрочип се става под кожата со кој државата ве контролира“.

Здравствените експерти постојано ги негираат таквите теории на заговор.

Кардинал Бурк не кажал дали во меѓувреме бил вакциниран.

Локални избори 2021