сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 0
home Вести

Американски адмирал ја повика Русија да набљудува вежба на НАТО

Американски адмирал ја повика Русија да набљудува вежба на НАТО

Американскиот адмирал Џејмс Фого, кој ќе командува со големата воена вежба на НАТО чија цел е да симулира одговор на Алијансата на евентуален напад на Русија врз Норвешка, ја покани Москва да го прифати повикот да испрати свои набљудувачи на вежбата.

Фого во Пентагон изјави дека мисли оти Русија ќе сака да биде присутна на вежбата на НАТО која почнува на 25 октомври. Тој додаде дека Русите, со набљудување на одбранбените маневри, повеќе ќе научат за способностите на НАТО.

Фого нагласи дека се работи за најголема вежба на НАТО од 2002 година.

Во вежбата ќе учествуваат 45.000 војници од САД и други земји членки на НАТО, како и војници од Шведска и Финска, односно земјите кои соработуваат со Алијансата, но не се членки.

Ќе учествуваат и околу 150 авиони, повеќе од 60 бродови и 10.000 воени возила.

Коронавирус