сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Американската војска забрани употреба на телефони Хуавеи и ЗТЕ

Американската војска забрани употреба на телефони Хуавеи и ЗТЕ

Војниците во американските воени бази повеќе нема да можат повеќе да купуваат телефони на кинеските марки Хуавеи (Huawei) и ЗТЕ (ZTE), бидејќи тие претставуваат недозволива опасност за безбедноста, соопшти Пентагон.

– Апаратите Хууавеи и ЗТЕ може да претставуваат неприфатлив ризик за персоналот, информациите и воените мисии, изјави портпаролот на Министерството за одбрана на САД Дејв Истборн.

Тој дополни дека со оглед на тоа, не би било мудро продавниците раководенени од армијата во американските бази во светот, да продолжат да ги продаваат.

Истборн прецизира дека наредбата за забрана на тие марки телефони била дадена на 25 април.

Портпаролот не соопшти детали за техничките аспекти на овие потенцијални закани, но според весникот. „Волстрит џурнал” Пентагон стравува дека кинеската влада може да ги следи војниците преку уредите на Хуавеи и ЗТЕ..

Портпаролот на Хуавеи Чарлс Зинковски изјави дека апаратите на компанијата одговараат на највисоките барања за безбедност и приватност во секоја земја во која оперира, вклучително и во САД.

Коронавирус