петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 152
home Вести

Американската Влада воведува експресна процедура за депортација на мигрантите

Американската Влада воведува експресна процедура за депортација на мигрантите

Американската Влада донела одлука со која експресно го забрзува процесот на депортација на емигрантите без потребни документи и на тој начин ќе ги заобиколува судовите.

Според новиот правилник, секој емигрант кој не ќе може да докаже дека се наоѓа на тлото на САД континуирано најмалку две години, ќе може веднаш да биде депортиран. Уредбата денеска  треба да стане официјална.

Американскиот Сојуз за граѓански слободи најави дека ќе ја оспори оваа уредба пред суд.

Во досегашната пракса, на моментална депортација беа подложни само емигрантите фатени на територија до 160 милји од границата, кои на американско тло минале помалку од две недели. Мигрантите кои биле приведувани во другите делови на САД мораа да се изведат пред суд и имаа право на адвокат.

Според новиот правилник, емигрантите ќе можат да бидат депортирани без заминување пред суд во било кој дел од САД.

Спортед мислењето на политичките аналитичари, претседателот Доналд Трамп планира построгиот пристап за решавање на емигрантскиот проблем да го прикаже како еден од темелите на својата капмања за реизбор во Белата куќа во 2020 година, пишува Индекс. (МИА)

Коронавирус