сабота, 28. март 2020. Вести денес: 95
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Американската Влада ја забрзува изградбата на ѕидот на границата со Мексико

Американската Влада ја забрзува изградбата на ѕидот на границата со Мексико

Владата на САД објави дека ги укинува федералните закони за набавки со цел да се забрза изградбата на ѕидот долж границата со Мексико.

Американското Министерството за внатрешна безбедност соопшти дека со тоа ќе се овозможи изградба на 283 километри од ѕидот во Калифорнија, Аризона, Њу Мексико и Тексас.

Вршителот на должноста министер за внатрешна безбедност Чад Волф ги користи своите овластувања според законот од 2005 година, кој му дозволува да прекине дејство на закони при изградба на гранични огради.

Сепак, првпат ова право се користи за да се прекинат федералните правила за набавки. Досега, таа секогаш се применуваше на проценките на влијанието врз животната средина.