недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Американската полиција тајно тестирала кучиња- роботи (ВИДЕО)

Американската полиција тајно тестирала кучиња- роботи (ВИДЕО)

Неодамна се дозна дека американската полиција во тајно ја тестирала употребата на високо технолошки напредно роботско куче, поради што реагирале организациите за граѓански права.

Откако државната полиција во Масачусетс објави видео-демонстрација на тест за роботско куче наречено Spot, Американската унија за граѓански слободи (ACLU) организира јавна расправа за Boston Dynamics за да открие колку долго полицијата користи ваков вид технологија.

ACLU дозна дека полициските роботски кучиња, способни да отвораат врати и да избегнуваат пречки, веќе биле користени за време на неколку нивни активности, пренесува The Independent.

„Владата честопати започнува да ја користи оваа технологија пред да може да реагираат социјалните, политичките или правните системи“, велат од ACLU.

„Итно ни треба поголема транспарентност од владините агенции, чија должност треба да биде да ја извести јавноста за нивните планови за тестирање и спроведување на нови технологии“, додава тој.

Според информациите добиени од ACLU од Бостон Динамикс, државната полиција склучила договор со таа компанија, која се согласила да тестира роботско куче од 7 август до 5 ноември.

Но, полицијата соопшти дека таа го користела Спот само во два наврати.

“Државната полиција во Масачусетс со години користи роботи како помош во опасни ситуации. Бидејќи ние се стремиме кон континуиран развој во примената на новите технологии, неодамна ја комплетиравме програмата за роботи за тестирање во Бостон Динамика, позната како Spot. Одделот само два пати го користеше .” изјави директорот на државната полиција во Масачусетс , изјави Дејв Прокопио.

Коронавирус