четврток, 9. декември 2021. Вести денес: 84
home Вести

Американската економија значително забави во третиот квартал

Американската економија значително забави во третиот квартал

Американската економија забележа раст од само 2,0 отсто од јули до септември, што е најнизок во еден квартал од почетокот на закрепнувањето од пандемијата на коронавирусот.

Министерството за трговија на САД денеска објави извештај во кој се проценува дека бруто домашниот производ (БДП) на САД паднал далеку под очекувањата во третиот квартал.

Во вториот квартал од годинава американскиот БДП изнесуваше 6,7 отсто, а во првиот 6,3 отсто.

Добриот резултат во првите два квартали е последица на големата помош од федералната влада.

Економистите се надеваат на закрепнување во тековниот четврти квартал, бидејќи бројот на нови инфекции со коронавирус опаѓа, процентот на вакцинирани расте, а поголем број Американци се подготвени да трошат пари.

Многу економисти проценуваат дека БДП ќе биде најмалку 4,0 проценти од октомври до декември.  (МИА)

Коронавирус