четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 52
home Вести

Американската администрација најави забрзано протерувањена на мигрантите од Тексас

Американската администрација најави забрзано протерувањена на мигрантите од Тексас

Американската Влада (администрација) по критиките од републиканците и барањето за  преземање акција од страна на демократите, денеска соопшти дека со авиони ќе го забрза протерувањето на околу 15.000 мигранти, особено Хаиќани, кои неколку дена се собрани под еден мост во Тексас.

Мигрантите пристигнаа во американската сојузна држава Тексас од Мексико, илегално преминувајќи ја реката Рио Гранде.

Според податоците на полиијата од пограничниот град, под чиј мост се мигрантите, на почетокот на неделата таму имало околу 2.000 мигранти, а денеска се речиси 15.000.

Американското Министерство за внатрешна безбедност објави нова стратегија за одговор на масовните пристигнувања, што подразбира забрзување на темпото на протерување мигранти со авиони.

Локални избори 2021