среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 18
home Вести

Американка намерно го попарила тригодишното дете со врела вода

Американка намерно го попарила тригодишното дете со врела вода

Мајката на четири деца , Патриша Бухан од Њу Џерси признала дека тригодишното дете намерно го попарила со жешка вода.

Таа наводно сакала да го казни детенцето зашто се измокрило на подот на нивниот стан.

Патриша Бухан призна денеска во судот дека му наредила на детето да ја соблече облеката и да влезе во када, по што го потурила со зовриена вода од тенџере и му нанела изгореници од втор степен, јавува Њујорк пост. Според извештајот на обвинителот, Патриша Бухан не била поврзана со момчето.

„Детето ги живееше првите три години од својот живот во куќа на ужасот“, рече помошникот на окружниот правобранител Мајкл Морис и заклучи дека откако го добил признанието, случајот во декември ќе биде решен.

Мајката на момчето, Наташа Смит, живеела со Патриша Бухан и уште тројца возрасни во станот, и сите се обвинети за напад и загрозување на благосостојба на детето.

Пресудата за Бухан се очекува на 6 декември и таа се соочува со шестгодишна затворска казна, додека обвиненијата се во тек против другите лица кои живееле во истиот стан.