сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 86
home Вести

Американците шокирани откако дознаа дека полицајци на коњи носела приведено лице врзано со јаже

Американците шокирани откако дознаа дека полицајци на коњи носела приведено лице врзано со јаже

Полицијата во Галвстон, Тексас беше остро искритикувана откако на социјалните мрежи синоќа се појави фотографија на двајца полицајци на коњи кои парадираат со маж од афроамериканско потекло со лисици на раце и врзано јаже.

Тексашката полиција веднаш упати извинување со појаснување дека употребата на јаже „е испробана техника и најдобар начин на справување во специфични ситуации.“

Полицијата испрати извинување и до лицето на фотографијата, подоцна идентификувано како Доналд Нили, бездомник со биполарно психолошко пореметување, кого полицијата го нашла во двор во приватна куќа во Галвстон.

Сепак, тоа не ги запре жолчните реакции од повеќе поединци и групи во САД дека фотографијата евоцирала контексти од ропството во Америка во 17 и 18 век. Реакции имаше и од претставници на Демократската партија.

„Се што знам е дека двајца бели полицајци јаваат коњи и по улица шетаат црнец заврзан со јаже и во лисици. Тоа нема никаква смисла. Точка, изјави Леон Филипс од Коалицијата за правда во Галвстон.

Демократскиот кандидат за член на американскиот Конгрес од Тексас, Андриен Бел, ја објави фотографијата на Фејсбук која беше споделена и коментирана стотици пати. Во коментар таа напиша дека „тешко е да се разбере зошто овие полицајци морале да му стават ремен на овој млад човек“.
Јавниот правобранител на Њујорк, Ребека Кавано, напиша: -Полицајците го носеле по улиците… Јавале на коњи, како да се робовладетели, а тој нивни роб.

Фотографијата од Тексас се појави неколку денови после масовната пукотница во трговски центар на Волмарт во Ел Пасо, Тексас, при што загинаа 22 лица, а триесетмина беа провредени. Напаѓачот, кој е фатен од полицијата, бил мотовиран од нацистичката идеологија за супериорност на белата раса.

Слични пукотница во која загинаа девет лица викендов се случи и во Дејтон, Охајо.

Зголемениот број на масовни пукања во САД во изминативе години опонентите на власта го лоцираат во антиимигрантските повици на претседателот Доналд Трамп „исполнети со омраза и расистичка реторика“.

Коронавирус