петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 122
home Вести

Американците одат масовно на предвремено гласање или гласаат по пошта

Американците одат масовно на предвремено гласање или гласаат по пошта

На помалку од три недели пред закажаните избори на 3 ноември, околу 15 милиони Американци досега гласале предвремено, дали лично или преку пошта, поради страв од коронавирусот.

Може да се случи за првпат во американската историја на генерални избори предвремено да гласаат мнозинство од избирачите, пишува Вашингтон пост.

Весникот јавува за долги редици да се уфрли ливчето во такви сојузни држави како Џорџија. Во Северна Каролина, приближно еден од секој петти кој досега гласал преку пошта, или околу 500.000 вкупно, не гласал на изборите во 2016 година. Во Мичиген досега гласале повеќе од еден милион луѓе, или отприлика една четврина од одзивот во 2016 година.

Во шест држави – Флорида, Ајова, Мејн, Кентаки, Северна Каролина и Пенсилванија досега гласале вкупно 3.5 милиони избирачи. Според достапните податоци, во овие држави има отприлика двапати повеќе регистрирани демократи отколку републиканци.

Се дознава дека од тие кои гласале, голем дел се Афроамериканци и жени, групи кои го фаворизираат демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден отколку Доналд Трамп, актуелниот претседател. Многумина од оние кои гласале предвремено или по пошта, изјавуваат дека го сториле тоа во првиот можен момент за да ја запечатат судбината на Трамп.

Според републиканците, демократите можеби навистина водат во предвременото гласање, но не е познато дали нивниот број е доволно голем. Од кампањата на Трамп велат дека Бајден можеби ќе победи во предвременото гласање, но дека претседателот ќе надокнади на изборниот ден, кога ќе гласаат неговите поддржувачи кои не веруват во гласање преку пошта.

Но, иако демократските избирачи претходно бараа да гласаат преку пошта, многумина сепак одличија да дојдат лично и да гласаат во специјалните центри за предвремено гласање, јавува весникот. Па така, во Џорџија на некои места има долги редици.

Во Хјустон, Тексас например, само во еден округ, округот Харис каде мнозинство се Афроамериканци, 128.000 гласачи досега уфрлиле гласачко ливче.

Во Северна Каролина, Тексас, и Аризона, резултатите од предвременооте и гласањето преку пошта ќе бидат објавени на 3 ноември од 19:30 до 20 часот по локално време. Слично ќе биде и за сите друи држави каде се гласа предвремено.

Овие три држави обезбедуваат 55 гласови на електоралните колеџи од 270 вкупно потребни за добивање на изборите. (МИА)

Коронавирус