петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 183
home Вести

Американците ќе добијат државни чекови од 1.200 долари со печат и потпис на Трамп

Американците ќе добијат државни чекови од 1.200 долари со печат и потпис на Трамп

Министерството за финансии на САД денеска почна со исплата на 1.200 долари за Американците кои добиваат минимална и просечна плата. Тоа се пари што ќе ги добијат во рамките на мерките за стимулација на економијата, а ќе бидат со печат и потпис на претседателот Доналд Трамп.

Според „Вашингтон пост“ Министерството дало наредба на левиот дел од чекот да стои „претседател Доналд Трамп“ и негов потпис. Три извори за весникот утврдуваат дека шефот на државата лично му ја дал оваа идеја на министерот за финансии Стивен Мнучин.

– Уште еден обид на претседателот Трамп проблемот со пандемијата од коронавирус да го решава со политички средства, наведува американскиот весник.

Според Министерството за финансии, околу 80 милиони Американци ќе добијат еднократни исплати во висина од 1.200 долари за секој даночен обврзник. Најголем дел од трансакциите ќе биде извршен денеска.

Коронавирус