понеделник, 30. март 2020. Вести денес: 78
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Американците го слават Денот на благодарноста, Индијанците Денот на жалоста

Американците го слават Денот на благодарноста, Индијанците Денот на жалоста

Денеска на 28 ноември, четвртиот четврток во ноември во САД се слави Денот на благодарноста, додека домородните Индијанци го одбележуваат како Ден на жалост.

Во Плимут, Масачусетс, каде што во 1620 година пристигна бродот „Мејфлаур“ во кој се наоѓаа нови доселеници кои себеси се нарекуваа аџии, следната година свечено ќе бидат одбележани 400 години од новото населување на британската колонија Нова Англија, во североисточниот дел на САД.

На тој ден, тие ќе се заблагодарат, како и сите претходни 400 години, за добрата жетва, но и на припадниците на индијанското племе Вампаноаг и нивниот поглавица Машасоит, што им донеле храна и со тоа ги спасиле од глад во текот на зимата.

Во исто време, приврзаниците на Денот на жалоста, потомците на оние домородци кои им помогнаа на своите нови соседи да преживеат, ќе одржат говори за Плимут, во кои ќе потсетат на сите проблеми што им ги донесоа доселениците.

Обединетите Индијанци од Нова Англија ќе зборуваат за геноцидот на милиони нивни сонародници, за „кражбата“ на нивната земја и немилосрдниот напад врз нивните културни традиции.

Додека траат говорите на Индијанците, низ цела Нова Англија останатите домородци ќе тропаат на тапани за да покажат дека се уште се таму, иако повеќето од домородците починале од заразни болести кои ги донеле доселениците.

Еден од претставниците на Индијанците потсети дека доселениците од Европа немало да преживеат доколку нивните соседи Индијанци не ги научиле како да ловат и како да подготват храна од овошје и зеленчук кои растеле во нивната нова татковина.