понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 92
home Вести

Американците деновиве ја очекуваат вакцинацијата, а службите за Брза помош пред колапс

Американците деновиве ја очекуваат вакцинацијата, а службите за Брза помош пред колапс

Службите за Брзата помош во САД се пред колапс поради ситуацијата со коронавирусот, соопшти денеска Ен-Би-Си њуз, повикувајќи се на писмо испратено од Асоцијацијата за брза медицинска помош до Министерството за здравство.

Во меѓувреме, нацијата исчекува и се надева вакцинацијата да почне што побрзо.

Во писмото на асоцијацијата е наведено дека „не е исклучен колапс“, без дополнителна финансиска помош. Според претставници, на службите за Брза помош итно им е требаат најмалку 2.62 милијарди долари, или по 43.500 долари на секоја од околу 60.000 служби за брза помош кои одговораат на повикот „911“.

Приватните служби за брза помош во САД (ЕМС) примиле 450 милиони долари сојузни пари во април, што биле потрошени за неколку недели, а со вториот бран на вирусот потребна е дополнителна помош.

Хозе Ромеро, претседател на Комитетот за консултации за имунизација при Одделот за здравство на Арканзас, синоќа наведе кои категории на граѓани први можат да бидат вакцинирани против новиот коронавирус. Според него, вакцина прво треба да добијат медицинските работници и луѓето кои живеат во пензионерските населби и старечките домови.

Како што јави синоќа „Вашингтон пост“, во текот на декември треба да бидат пуштени околу 40 милиони дози на вакцини од фармацевстките компании „Фајзер“ и „Модерна“, доволни да се имунизираат 20 милиони луѓе. Засега, за тоа се уште се чека одобрување од Администрацијата за храна и лекови на САД. (МИА)

Коронавирус