недела, 17. октомври 2021. Вести денес: 2
home Вести

Амазон утрово бил недостапен низ целиот свет

Амазон утрово бил недостапен низ целиот свет

Корисниците ширум светот утрово пријавија проблеми со пристапот до интернет продавниците на платформата Amazon.com, а компанијата објави дека во меѓувреме го решила проблемот.

Според веб-страницата Даун Детектор, онлајн услугите на Амазон биле во прекин речиси два часа, а повеќе од 38.000 корисници објавија дека имаат проблеми со пристапот до онлајн продавниците на Амазон.

Проблемот прво се манифестирал ноќеска во САД, а утрово во голем дел од остатокот на светот.

-Некои корисници имаа привремено проблеми при купувањето. Ние го решивме проблемот и сега се работи нормално, изјави портпарол на Амазон, но одби да ја коментира причината за прекинот. (МИА)

Коронавирус