петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 94
home Вести

„Амазон“ соопшти дека речиси 20 илјади негови вработени се заразени со Ковид-19

„Амазон“ соопшти дека речиси 20 илјади негови вработени се заразени со Ковид-19

Гигантот во онлајн трговијата, Амазон соопшти дека 19.816 нивни вработени се заразиле со новиот коронавирус во САД.

Амазон беше под притисок да ги затвори своите магацини среде пандемијата, но компанијата одбра да продолжи да работи за да одговори на барањата на клиентите блокирани дома поради широката изолација.

Амазон почна да мери температура на своите вработени, воведе софтвер за социјално растојание и презеде други мерки за безбедноста на својот персонал.

Со 1.372.000 вработени во првите редови во Амазон и нејзините филијала во Вол-фуд маркет, 19.816 лица биле позитивни на коронавирусот помеѓу 1 март и 19 септември. Ова е 1,44 проценти и е помалку од односот меѓу општата популација, наведуваат од компанијата.

Коронавирус