четврток, 28. октомври 2021. Вести денес: 53
home Вести

Алкохол поевтин од вода? Во овој град тоа навистина е реалност – веднаш ќе посакате да го посетитe (ФОТО)

Алкохол поевтин од вода? Во овој град тоа навистина е реалност – веднаш ќе посакате да го посетитe (ФОТО)

Пандемијата на коронавирусот не спречи да патуваме како што сме навикнати. Отсуството на патувања беше особено тешко за оние кои сакаат да истражуваат далечни и невообичаени дестинации.

Кога мерките ќе бидат релаксирани, оние кои се желни за вакви патувања можат да ја изберат Јужна Кореја, поточно Сеул и да бидат сигурни дека нема да се покајат.

Поради пандемијата, граѓаните на Mакедонија засега не можат да влезат во Јужна Кореја, но кога границите ќе се отворат, не се сомневаме дека ќе има туристи кои ќе сакаат да ја посетат оваа на многу начини невообичаена земја.

Главниот град Сеул нуди голем број атракции за туристите. Никогаш нема да ви биде здодевно во овој град, бидејќи скоро сите кафулиња, ресторани, барови, бањи и велнес центри се отворени нон-стоп.

Рестораните во Сеул имаат исклучително ниски маси, но има добра причина за тоа – сите гости седат на подот. Во овој град тие сè уште ја почитуваат традицијата на загревање на подовите за да биде што е можно попријатно за гостите, па ретко ќе наидете на ресторан во кој има и столови.

Жителите на Сеул особено го сакаат алкохолниот пијалок наречен „соја“. Пијалокот има неутрален вкус и личи на вотка, но сепак има помалку алкохол од сите „кратки пијалоци“ на кои сме навикнале. „Сојата“ е поевтина од водата, што особено им се допаѓа на туристите, пишува Пункуфер.

Спа центрите се претежно отворени нон-стоп. Ако не чувствувате поспаност ноќе или ако не знаете што да правите во текот на денот, посетете традиционален спа центар каде влезот за луѓето од различен пол не е дозволен.

Жените и мажите уживаат одделно, а има и различни видови базени, масажи, сауни … Но, бидете внимателни, голотијата е задолжителна – нема костуми за капење и крпи.

Локални избори 2021